Menu
Повеќе од 80 години млечна страст

Основана во 1933 година од Андре Бение во Лавал, низ три генерации Групацијата Лакталис остана верна на својата првична заложба за преработка на млеко.

НАЈДОБРОТО ОД МЛЕКОТО Е НАШ ПОДАРОК НА СВЕТОТ

Денес Групацијата Лакталис е глобален лидер во млечната индустрија. Присутна е во сите сегменти на пазарарот на млечната индустрија. Групацијата е производител на сирење број еден во светот и е европски лидер во рамките на потрошувачката на млеко и на пазарите на путер и млечни намази.

Групацијата Лакталис е главен играч и во категориите на разладени млечни производи и млечни состојки, како што е индустријата за услуги за храна. Сѐ позначајно место добива и во рамки на пазарите за клиничка и детска исхрана.

Благодарение на глобалното присуство, Групацијата Лакталис отсекогаш можела да ги предвиди новите трендови на пазарот и да се приспособи на режимите на производство и потрошувачка, притоа почитувајќи ги локалните и културните специфичности на секоја земја.

УНИКАТЕН РАСТЕЧКИ МОДЕЛ

Деловниот модел на Лакталис е дел од долгорочната развојна стратегија која се состои од континуирани операции за надворешен раст на бизнисот и развој на своето портфолио, кое веќе вклучува повеќе од сто бренда. Целта на Групацијата е да презема млечни компании кои се заложуваат за исти  вредности и да го помогне нивниот раст преку индустриски инвестиции, маркетиншки и човечки ресурси. Стратегијата за развој на брендот на Групацијата се темели на проширување на присуството на три клучни бренда: Président, Galbani и Parmalat на глобално ниво, додека истовремено продолжува да инвестира во локални брендови.

Групацијата Лакталис го темели својот успех на стратегија ориентирана кон локални производи која ги почитува луѓето и животната средина, притоа одржувајќи високи санитарни и органолептички стандарди за сите свои производи.

 

 

БРЕНД-СТРАТЕГИЈА ШТО ГИ ПОЧИТУВА ЛОКАЛНИТЕ КУЛТУРИ

Главниот играч на глобалната млечна индустрија, Групацијата Лакталис, придонесува за развој на локалните економии во регионите во коишто е присутна, пред сè во Франција, но исто така и во Италија. Во наведените земји, Групацијата Лакталис активно се занимава со промовирање сирења со заштитено име, како и со промовирање на регионалните специјалитети. Надвор од Франција, преку оваа заложба за промовирање на локалните производи, е искажана почитта на Групацијата кон локалните култури на храна и локалните начини на потрошувачка. На тој начин Групацијата Лакталис си обезбедува единствена позиција за подобра промоција на што е можно повеќе традиционални сирења и млечни производи, како што е тварог (twaróg), вид младо сирење од земјите од источна Европа. Групацијата Лакталис ја оправдува својата улога на лидер на пазарот на млечни производи со поддржување на водечките национални брендови, како и нејзините локални и регионални предности од Франција.