Menu
Експерти за млечни производи
Страста на Групацијата Лакталис за млекото, која се пренесува од генерација на генерација уште од 1933 година, ја прави светски лидер во млечната индустрија денес. Бидејќи млекото претставува природно богат материјал, тоа е синоним за живот.

Млекото содржи најмногу од хранливите материи кои се од суштинско значење за правилен развој на телото, без разлика дали станува збор за мали деца, стари лица или болни. Покрај тоа, млекото има вистинска разновидност во својата трансформацијата, што овозможува, меѓу другото, и производство на сирење, симбол на француската гастрономија.
Ние го доставуваме најдоброто од млекото во сите млечни категории: сирење, но исто така и млеко за пиење, јогурт и ладни млечни производи, путер и млечни намази, млеко во прав за доенчиња и возрасни, производи за клиничка исхрана и млечни состојки. Ова е главната дејност на Групацијата Лакталис во текот на повеќе од 80 години која ја прави успешна во своето поле.
Лакталис ќе продолжи да го носи најдоброто од млекото за своите бројни потрошувачи.