Menu
Les
années 30
Првите чекори

19 октомври 1933 година го означува почетокот на сагата Лакталис. На овој ден, Андре Бени ги произведува своите први 17 парчиња од сирењето камембер во Лавал, користејќи 35 литри млеко собрано од околната област. И така, приказната започнува, а Андре Бени ја основа компанијата под своето име.
Андре Бени брзо се опкружува со колеги кои ќе му помогнат во неговата авантура! Првото име на брендот, дадено на неговиот камембер „Le Petit Lavallois“, со својата симболична етикета со средновековниот Лавал станува синоним за квалитет.

Les moments clés
  • Андре Бесниер, од изработувач на буриња стана производител на сирење

    Во 1930, Андре Бесниер, изработувач на буриња, забележува како едно од неговите парчиња напукнува за време на демонстрацијата кон потрошувачите. Тој брзо ја надминува таа ситуација и се пренасочува кон производството на сирење.
    Еден убав есенски ден, тој ги произведува своите први 17 парчиња Камемберт од 35 литри млеко, во придружба на еден вработен. Првата страница од страста кон сирењето е испишана.

Les
années
40
10 000 литри собрано млеко

1940-тите го потврдуваат растот на компанијата, се зголемува бројот на сточари кои го снабдуваат со млеко. Во 1948 година, компанијата станува „SARL Société Laitière de Laval A. Besnier & Cie“, друштво со ограничена одговорност, а количеството собрано млеко надминува 10 000 литри. Оваа пресвртница е овозможена благодарение на динамичната и инвентивна деловна политика на Андре Бени, сега помогната од 25 вработени. Уште од самиот почеток, компанијата на Бени го има клучот на успехот, што останува негова најголема предност 80 години подоцна: страст за млекото, стандарди со висок квалитет, остроумност за бизнис и способност да се опкружи со најдобрите луѓе.

Les moments clés
  • Почеток кој ветува

    Гледајќи ја побарувачката од потрошувачите, компанијата на Андре Бесниер одлучува да го прошири својот персонал на 25 вработени. Веднаш потоа компанијата го променува своето име во “Société Laitière de Laval A. Besnier et Cie”. До 1948 година, снабдувањето со млеко достигнува 10,000 литри.

Les
années 50
Мишел Бесниер ја презеде компанијата од татко му Андре Бесниер

Како остроумен бизнисмен, Андре Бесниер значително ја развива својата активност во првата половина на 1950-тите. Како што млечниот сектор станува сѐ поконкурентен, така тој ја проширува својата понуда со производството на путер и млечни намази. Исто како сирењето камембер, со помош на кое ја изгради репутацијата на компанијата, сега веќе ребрендирана како „ Le Voyageur“, сите други производи се предмет на истите барања за квалитет со цел да се постигне единствена цел – совршенство.
Амбициозниот човек Андре Бесниер почнува и да продава млеко. Тој е еден од првите што ја лансираа амбалажата за млеко во еднолитарско стаклено шише под брендот „SSL Le Bon Lait“.

По смртта на Андре Бесниер во 1955 година, компанијата ја наследи неговиот син Мишел. Со истата страст како и неговиот татко, Мишел Бесниер во целост го искористува претприемачкиот дух како наследство од семејството и го удвојува годишниот промет за само две години.

Les moments clés
  • Мишел Бесниер ја превзема компанијата од својот татко Андре Бесниер

    Мишел, син на Андре Бесниер, целосно ја превзема контролата над компанијата поради ненадејната смрт на неговиот татко. На свои 27 години, Мишен Бесниер веќе имал значително искуство при производството на сирење, бидејќи работел заедно со својот татко од 1946 година.

Les
années 60
Клучен период

Со поволен економски контекст и вртоглав раст на пазарното побарување, со нови модели на дистрибуција, 1960-тите години се клучен период за компанијата. Под водство на Мишел Бесниер, таквите фактори ќе ја создадат основата за успехот на компанијата и нејзиниот економски модел: индустриска експертиза, квалитет и иновации, посветеност кон преработката на млеко и значителен надворешен развој.

Многу млекарници од западна Франција продолжуваат да ѝ се придружуваат на компанијата Бесниер, со што се зголемува обемот на собраното млеко. Исто така тие придонесуваат за проширување на палетата на производи и помагаат да се задоволат барањата на супермаркетите, кои сега почнуваат да се појавуваат во Франција.

Мишел Бесниер знае дека индустријата поминува низ клучни промени и дека мора да биде во првите редови. Тоа е причината поради која го лансира брендот Président, кој ќе стане водечки производ на Групацијата. Тој, исто така, прави иновација со „Lait 2000“, првото млеко што ќе се продава во тетрапак- пакување, што ќе има силно влијание на навиките на француските потрошувачи.

Les moments clés
  • Мишел Бесниер ја гради фабриката за производство на млеко за пиење во Витре

    Иако сирењето останува главен производ на компанијата, други типови на млечни производи стануваат се повеќе важни за Мишел Бесниер, особено млекото за пиење. Компанијата се проширува и ја отвора својата прва продукција надвор од Лавал. Својата прва фабрика за производство на млеко за пиење ја отвора во Витре.

  • Брендот Президент

    1968-та година е една од најзначаните за компанијата, со раѓањето на Президент Камемберт сирењето. Барајќи престижно и универзално бренд име, Мишел Бесниер се одлучува за “Президент”. Лесно се изговара во многу јазици и е високо инклузивно, бидејќи секој може да стане претседател.

  • Мајен, првата фабрика за производство на млеко во прав

    Количините на млеко се искачуваат до тој степен да компанијата повеќе не знае што да прави со сувиот остаток од млекото. Како добар менаџер и посветен професионалец, Мишен Бесниер одбива да го фрли остатокот од млекото. Роберт Чевалиер, менаџер за производство, го убедува Мишел да го прошири својот опсег на производи со тоа што ќе влезе во пазарот за производство на млеко во прав. Оваа обврска е јасно видлива и денес, бидејќи фабриката процесира 120,000 литри на час.

  • Lait 2000, иновативен производ според Француските потрошувачи

    УХТ млекото произведено во Витре во Тетра Пак пакување, за прв пат се продава во Франција под брендот “Lait 2000”. Лесното чување и долготрајниот вкус, го направија ова млеко вистински хит.

     

Les
années
70
Првите чекори преку Атлантикот

Компанијата на Бесниер ги презема своите први чекори на пазарот во САД, особено со бри, сирење што е многу фаворизирано од трансатлантските потрошувачи. Во 1972 година, убеден од потенцијалот на брендот Président и неговиот камембер, Мишел Бени презеде храбар чекор со создавањето нова модерна фабрика за сирење за Président во Домфро на пасиштата на Нормандија. Одликувајќи се со најновите иновации, фабриката за сирење во Домфро останува значајно обележје и најголемата фабрика за меки сирења.

Les moments clés
  • Супермаркетите прават револуција во навиките на потрошувачите

    Визионерот, Мишел Бесниер гледа голем потенцијал во супермаркетите, воведувајќи револуција во навиките на потрошувачите. Тој е меѓу првите кој развива ваков тип на маркет, кој е одговор на новите побарувања од потрошувачите. Компанијата продолжува да се развива во Франција, но и интернационално.

    Првите чекори надвор од земјата се овозможени благодарение на меките сирења Бри,  кои биле многу ценети од Американците. Ова и овозможува на компанијата да забележи развиток и во извозот.

  • Домфронт, фабриката за производство Президент камемберт сирење

    Убеден дека Президент камемберт ќе биде успех, Мишен Бесниер дизајнира нова производна линија за ова сирење во Домфронт, Нормандија.

    За создавање на првиот коагулатор во светот биле потребни голем простор и технолошки иновации. Ова значи дека фабриката произведувала 50,000 до 250,000 камемберт сирења на ден.

    Денес, фабриката во Домфронт произведува 520,000 камемберт сирења дневно.

  • Лепетит се вклучува во групацијата на брендови

    Лепетит, друг семеен бизнис се приклучува на Лакталис Групацијата. Овој бренд кој произведувал камемберт сирење веќе од 1872 година ја засилил позицијата на Групацијата на Францускиот пазар на сирења.

    Во меѓувреме, брендот Президент исто така продолжува да расте. По камемберт, други Президент брендирани производи како путер и Ементал станале доста успешни. Потрошувачите за кратко време станале свесни дека Президент е гаранција за квалитет. Следејќи ја високата побарувачка, нов засебен погон е отворен во 1978 година во Isigny-leBuat. Во тоа време, фабриката произведувала 50 тони путер дневно, а денес истата произведува повеќе од 200 тони дневно.

Les
années 80
Стабилна динамика на развој

Поттикнати од динамичноста на претходната деценија, 1980-тите години се период на брз развој за Мишел Бени, со деловни операции за надворешен раст, особено во САД. Компанијата влезе во САД во 1981 година во Белмонт (Висконсин) преку преземање, а се зајакна шест години подоцна со изградбата на фабрика во Калифорнија.

Лојален на неговото потекло, Мишел Бени не го заборава развојот на активностите во Франција. Во почетокот на 1980-тите години тој ги презема млекарниците за сирење Claudel-Roustang и Atlalait, сега половина од компанијата, кои го внесуваат во сегментот на козјо сирење.

Паралелно со ова, во 1984 и 1985 година Мишел Бени продолжува да инвестира во индустриски алатки и гради фабрика за производство на јогурт во Лавал, проследено со фабрика наменета за производство на ементалер во Шаршиње во северен Мајен, уверен дека овој пазар наскоро ќе се развие.

Последното преземање во 1980-тите години, но не и помалку значајно, е Lactel, кој ќе стане водечки бренд на компанијата за млеко за пиење.

Les moments clés
  • Со Атлалаит, компанијата влегува во сегментот на сирења од козјо млеко

    Сосиете Атлалаит се приклучува на компанијата, со што и овозможува на истата да ја прошири својата област за собирање млеко во западна Франција, особено во Венде и Лоир – Атлантик. Ова превземање исто така внесува новитети и на комерцијално ниво, со тоа што Групацијата влегува во сегментот на сирења од козјо млеко.

    По ова преземање, Мишен Бесниер сега има 27 производствени погони.

  • Од Лавал до Белмонт (Висконсин, САД), има само еден чекор

    По период на извоз, Групацијата се основа и во САД. Откупува фабрика за производство на чедар сирење, која подоцна ќе премине во фабрика за производство на пастеризирано Бри сирење за да ги покрие потребите на Американскиот пазар.

    Во тоа време, Маркетинг директорот Јан Дроин го лансира овалното пакување на Президент путерот. Пакувањето било многу иновативно во тој период, обезбедувал оптимална конзервација на путерот и многу лесно за употреба пакување.

  • Клаудел – Роустанг, големо преземање

    Потпишан е договор со Нестле Франција за 50% сопственост на 8 фабрики во Клаудел – Роустанг. Ова ново преземање ја зајагнува националната положба на Групацијата, проширувајќи ја областа за собирање на млеко во източниот дел од земјата.

  • Лавал, првата засебна фабрика за производство на ладни млечни производи

    Кога Мишен Бесниер одлучува да обезбеди развој на неговиот бизнис во ултра-свежата категорија, тој одбира да инсталира нов производен погон во Лавал, што останува меѓу најсилните производствени капацитети за оваа категорија во Групацијата и денес. Во меѓу време, компанијата превзема 45% сопственост во Економската интересна група (ЕИГ), под брендот Лактел. Мишен Бесниер ја разбрал важноста да се биде присутен на пазарот за млеко за пиење со бренд доволно моќен да ја одржи конкурентската улога.

  • Фабрика за производство на Президент Ементал во Чарчин

    Во 1985, производството на Ементал е префрлено на западот на Франција, регион каде производството на млечни производи е најсилно. На овој растечки пазар, компанијата иновира и лансира Президент Ементал “cœur de meule’”, кој за многу кратко време станува хит. Во тоа време, фабриката произвела 4,000 тони Ементал, бројка која сега е за десет пати поголема.

  • Важна година во САД за развој на компанијата

    Во 1987 година, Групацијата отвори нова фабрика во Турлок, Калифорнија. По првата аквизиција во САД шест години претходно, овој настан го забрзува растот на компанијата од другата страна на Атлантикот.

  • Сагата Лактел

    Сосиете Бесниер ги превзема сите акции во Економската интересна група (ЕИГ), а Лактел станува нејзин водечки бренд за пиење млеко, поддржан од високо ниво на иновации и силна рекламна кампања. Така станува и првата компанија која го продава своето млеко во трислојни пластични шишиња, покажувајќи иновации на пазарот и навики на потрошувачите во Франција.

Les
années
90
Италија, „другата земја на сирењето“

По успехот на бизнисот, Мишел Бесниер одлучи да продолжи со развојот во Источна Европа, Украина и Полска, како и во Египет и „другата земја на сирењето“ – Италија, преземајќи чекори во  вијателниот сектор на сирењето моцарела со преземањето на Locatelli, третиот најголем бренд на сирењето моцарела на пазарот.Во Франција во 1990 година две големи компании се приклучија кон Групацијата на Бесниер: историскиот ривал Bridel и Société des Caves de Roquefort.
Во 1999 година компанијата на Бесниер го смени името на Групацијата во Лакталис, задоволувајќи ги барањата за интернационализација со име кое лесно може да се изговара на сите пет континенти.
Истата година, на местото на историската фабрика за сирење во Лавал, Мишел Бесниер го изгради музејот во чест на млекарската професија André Besnier Lactopôle.

Les moments clés
  • Бридел, историски конкурент, се приклучува на компанијата

    Потребни се многу долги преговори пред да може да се финализира договорот. Тоа е значителна промена во големината за компанијата да го интегрира Бридел, уште еден семеен бизнис познат и препознатлив од потрошувачите, што е речиси половина од големината на компанијата на Бесниер во тоа време.

    Преку оваа операција, Филијалата Ланкуетот се приклучи на компанијата заедно со својот бренд, многу сакана од страна на потрошувачите на Нормандиско сирење.

  • B’A

    Посветени за покривање на сите млечни производи, компанијата ја зајакнува својата категорија  за јогурт и десерти преку стекнување на Јањак и нејзиниот бренд B’A, тогаш пионер на активен бифидус.

  • Рокфорт, кралот на сирењата, се приклучува во палетата на компанијата

    Верни на својата посветеност на заштитените ознаки за потекло (ЗОП) на пазарот за сирење, компанијата се стекнува со Сосиете дес Кавес де Рокфорт, со што значително ја зајакнува својата позиција на пазарот на ЗОП.

    Истата година, Лактел го иновира и го лансира својот бренд Евеил де Лактел.

  • Втора фабрика за сирење за Президент Ементал

    Благодарение на признаената и маестрална индустриска експертиза, на компанијата и се потребни само седум години да се позиционира како лидер на пазарот на Ементал. Фабриката во Чарчин веќе не е доволна за задоволување на побарувачката, па втора единица е изградена во Буврон, Лоара-Атлантик, во 1994 година.

  • Патот кон истокот

    Како и со САД, источните земји гледаат прогресивен раст, овозможен благодарение на меѓународниот раст на брендот Президент во 1990-тите. Полска и Украина први добиваат придобивки од инвестициите на компанијата, повторно започнувајќи ја работата на Кооператив Николаев во Украина и компанијата Полсер во Полска.

  • Президент во Египет

    Групацијата имаше големо влијание на Египетскиот пазар со воведување на преработено сирење, прилагодувајќи се на прехранбените навики на овие нови потрошувачи. Вака Президент влегува на Египетскиот пазар, пред да биде проширен низ Средниот Исток.

  • Проширување во Италија, земјата на моцарелата

    За да порасне на Италијанскиот пазар за производство на сирење, компанијата започнува со производство на познатото сирење моцарела преку превземање на Локатели, третиот најголем бренд за моцарела во земјата во тоа време, по Галбани и Инвернизи. Овој прв чекор кон “друга земја на сирење” го означува почетокот на тековниот развој.

  • Бесниер Компанијата станува Лакталис груп

    За да го потврди својот меѓународен раст, компанијата одлучува да го смени името во Лакталис, за да биде подобро разбрана и изговорена во четирите делови на планетата, и да се повика на нејзината основна дејност, млеко.

    И покрај ова ново име, акционерската структура останува во семејството Бесниер. И, од друга страна, Мишел Бесниер ја потврдува својата посветеност кон компанијата основана од неговиот татко и неговата страст за преработка на млеко со инаугурирање на Лактопол Андре Бесниер во Октомври 1999 година, музеј посветен на историјата на млечната индустрија, на историскиот локалитет на поранешната фабрика за сирење во Лавал.

Les
années 2000
Значителен раст

Оваа нова деценија, за жал, започнува со загубата на Мишел Бени, поразувачки настан за сите вработени во Групацијата. Сепак, компанијата ја одржа семејната сопственост во рацете на неговиот син Емануел Бени.

И покрај тешкиот економски контекст на финансиската криза од 2008 година, Групацијата Лакталис одржува постојано ниво на раст уште од почетокот на 2000-тите. Двата најголеми настани од овој период се случуваат во 2006 година со преземањето на водечкиот италијански бренд Galbani и создавањето европско заедничко вложување за ладни млечни производи со Nestlé, што им овозможува на брендовите да се вратат на профитабилен раст, посебно на La Laitière.

Следната година водечката хрватска компанија за млечни производи Dukat ѝ се приклучи на групацијата Лакталис.

Les moments clés
  • Емануел Бесниер успешно го наследи својот татко

    По ненадејната смрт на неговиот татко, Емануел Беснир ги зема уздите на Групацијата и на тој начин обезбедува континуиран семеен пристап. Имајќи работено во изминатите шест години на страната на неговиот татко за меѓународниот развој на групата, Емануел Бесниер многу брзо го остава својот белег, зголемувајќи го невидено меѓународниот раст.

  • Лакталис во Русија, предизвик земен

    Со изградба на место за производство на намази од сирење во близина на Москва, Лакталис поминува одлучувачки чекор во регионот на ЗНД и значително ја зајакнува својата позиција на пазарот на сирење во Источна Европа.

  • Италија, процутен пазар

    Со интеграцијата на компанијата Инвернизи, Лакталис Груп станува втор најголем италијански производител на сирење. Италија потоа станува трета земја во рамките на Групацијата во однос на продажбата, по Франција и САД.

    Лакталис, исто така, ја продолжува својата експанзија во Франција со превземањето на Цемa, друга фамилијарна компанија за производство на агро-храна. Неговиот бренд Примевере се позиционира како бренд на референца за категорија на растителни масти, клуч во борбата против холестеролот.

  • Лакталис ги интензивира своите операции за надворешен раст

    Оваа година вклучува голем број на превземања надвор од Франција. Особено, “FoodMaster International” основана во Казахстан, Украина и Молдавија, како и “Kurow Cooperative”, која го произведува познатиот “Twarog” во Полска, ова и овозможува на Групацијaта да ги консолидира своите позиции во континентална Европа.

  • Лакталис продолжува со својот развој на Блискиот Исток

    По првичниот успех во Египет, Групацијата го зајакнува своето присуство во регионот преку изградба на нов производствен погон во близина на Каиро, потпишува втора франшиза во Египет и ја превзема компанијата “UFIC” во Саудиска Арабија.

     

    Лакталис Груп не ја напушта ни Европа, превземајќи го шкотскиот специјалист за чедар “Mc Lelland” и италијанската компанија “Cademartori” што ги прави традиционалните Ломбардни сирења, како што се Горгонзола, Талеџио и Квартироло.

  • Галбани, скапоцен камен во рамките на Лакталис Груп

    Со купувањето на италијанската компанија Галбани, Лакталис станува број еден на италијанскиот пазар на сирење, нудејќи широка понуда од традиционални сирења до моцарела.

    Во исто време, Лакталис и Нестле создаваат заедничко вложување во секторот за ладни производи (LNCD, Lactalis Nestlé Chilled Dairy), за зајакнување на брендови како “La Laitière” во Европа. Лакталис Груп станува трета по големина млечна компанија во светот преку овие две операции.

  • Лакталис влегува на Хрватскот пазар со Дукат

    Поради модерниот, креативен и висококвалитетен приказ, Дукат е лидер за млечни производи во Хрватска. Преку ова превземање, Лакталис силно се етаблира себеси во југоисточна Европа каде продолжува да расте и да се развива.

    Групацијата влегува во пазарот на нутритивни производи за новороденчиња преку преземањето на компанијата Селиа, семејна компанија од Мајен која произведува сирење, путер и млекото во прав за деца – Пикот.

    Во меѓувреме, Групацијата го продолжува Европскиот раст преку превземања во Чешка, Украина и Шпанија. Компанијата исто така го унапредува својот американски развој на Моцерела Фреска во САД.

  • Лакталис, активен играч на новиот пазар: храна за новороденчиња

    Покрај тешкото економско опкружување, компанијата го зацврстува своето место како трет светски лидер на пазарот за производи од млеко и го превзема Обори во Полска, производителот на сирење Баер од Швајцарија и Француската Milupa-Nutricia, чии производи се придружни со производите од брендот Селиа. Оваа операција ја потврдува позицијата на Лакталис на пазарот за нутритиенти.

  • Лакталис ги покрива сите млечни производи во Египет

    Продолжувајќи ја ултра-свежата активност на Нестле во Египет, Лакталис ја потврдува својата клучна улога и позиција на пазарот за млечни производи во оваа земја.

Les
années
2010
Глобален лидер во млечната индустрија

По Италија, во 2010 година Шпанија станува главен пазар за Лакталис со купувањето на три иберски млечни компании: Forlasa, Puleva и Sanutri, кои работат на пазарите на сирење, млеко за пиење и исхрана на доенчиња, соодветно.

Во 2011 година Групацијата од Лавал се позиционира како глобален лидер во млечните производи и стана мнозински акционер во Parmalat, водечка италијанска компанија за производство на млеко со повеќе од 14 000 вработени, остварувајќи промет од речиси 4 милијарди долари. Компанијата Parmalat функционира на глобално ниво на териториите каде што Групацијата Лакталис има малку или воопшто нема деловни операции, со што се обезбеди одлична комплементарна покриеност. Работејќи на ова ниво, Лакталис е во можност да продолжи со стремежот кон динамичен и профитабилен раст на двата пазари: традиционалните зрели пазари и пазарите на земјите во развој. Млекото за пиење станува втор најважен пазар на Групацијата по сирењето.

Во 2013 година, компанијата ја зголеми својата основа во Југоисточна Европа, кога стана мнозински акционер во словенечката компанија Ljubljanske Mlekarne, водечки локален производител на млечни производи.

Во 2014 година, Групацијата Лакталис го насочи својот развој и во Австралија преку компанијата Harvey Fresh, која ѝ овозможи на Групацијата да ги покрие сите дневни млечни потреби низ целата Австралија. Групацијата се прошири и во Индија со преземањето на Tirumala, главна компанија за млечни производи во југоисточниот дел на земјата.

Les moments clés
  • Лакталис станува пазарен лидер во Шпанија

    2010 е годината на Шпанија за Лакталис. Групацијата прави три превземања и станува локален лидер за млечни производи. Форласа, Пулева и Санутри се совршено комплементарни, играјќи различни улоги во млечните категории.
    Форласа е историски пазарен лидер за манчего, познато локално сирење. Пулева ја зајакнува понудата на Групацијата за храна за новороденчиња во Шпанија. И како последно Санутри е експерт за храна за новороденчиња.
    Во меѓувреме, Групацијата се стреми да го продолжи и зголеми производството на Ефремов од Русија, Млекарата Рејчел во Велика Британија, како и да се етаблира себеси во Австралија преку производителот на сирење Лемнос, со седиште во Мелбурн.

  • Лацталис со Пармалат, станува светски лидер за млечни производи

    Главен настан во историјата на млечната индустрија, Лакталис прави важно интернационално превземање. Откупува 83,3% од акциите на италијанската компанија Пармалат и со тоа станува најголема групација за млечни производи во светот. Благодарение на перфектната географска и категориска поставеност, Лакталис го консолидира своето лидерство на пазарот за сирење и преку Пармалат станува светски број 1 за млеко за пиење на пазарот. Одтогаш, лојална на своите обврски, Групацијата редовно и масивно инвестира во модернизација и развој на својот производствен капацитет за да може да ги поддржи сите брендови.

  • Надворешниот раст продолжува во Шведска

    Компанијата Skånemejerier, втора на пазарот за млечни производи во Шведска, се приклучува на Лакталис Групацијата. Со големо присуство на пазарот за конзумирање млеко. Шведската компанија е широкопојасна, бидејќи е присутна во сите категории на млечни прозиводи.

  • Лакталис ја консолидира својата позиција во Југоисточна Европа

    Групацијата станува главен акционер во Љубљанска млекара, лидерот за процесирање намлеко во Словенија.

    Истата година, верни на своите обврски на пазарот за сирење, Лакталис ги превзема производителите на сирење Сорон и Дауфин.

  • Првиот индустриски чекор на Лакталис во Индија

    Компанијата Тирумала, лоцирана во југоисточна Индија се приклучува на Групацијата Лакталис, со што се сведочи за нов чекор во Азија, со 8 производствени погони и силен регионален бренд.

    Истата година, Групацијата го засилува развојот во Австралија со откупувањето на компанијата Харви Фреш.

  • Компанијата Ак Гида, турски лидер за млечни производи, се приклучува кон Групацијата Лакталис

    Со превземање на 80% од компанијата Ак Гида (која е дел од една од најпознатите Турски компании за храна), Лакталис  го остварува првиот чекор во оваа земја. Како локален лидер, Ак Гида вработува повеќе од 2,000 вработени, обработувајќи повеќе од 1 милијарда литри во пет производствени погони. Ак Гида ги извезува своите производи во повеќе од 40 земји во регионот.
    Исто така, Лакталис Групацијата ја зајакнува својата позиција во Јужна Америка, консолидирајќи ги превземањата во Бразил потпишани во 2014 и интегрирајќи ја Мексиканската компанија за млечни производи Есмералда, која работи во Мексико, Уругвај и Аргентина.
    Како последно, во Европа, каде Лакталис го продолжува својот развој, унгарската компанија Кунтеј е сега дел од Групацијата.

  • Лакталис го продолжува својот развој во Франција, Европа и Азија

    Во 2016, Лакталис Групацијата продолжува да инвестира во своите фабрики во Франција со цел да го поддржи својот развој. Инциденто, во линија со својата посветеност кон ПДО сирењата, ја превзема фабриката за производство на сирење Граиндорџ, главен играч на пазарот за ПДО сирења во Нормандискиот регион. Во исто време, Групацијата го зајакнува своето присуство во Романија со откупувањето на Албалакт, локален лидер за млечни производи. Во Индија, превземањето на Аник Индустрии т.е. неговиот оддел за млечни производи, кој има силна застапеност во северот на земјата е совршен комплемент на Тирумала, која се приклучи на Групацијата во 2014 и е застапена во југоистокот на земјата.