Menu
Живот без лактоза

ЛЕСНО ДО УЖИВАЊЕ ВО МЛЕКОТО И МЛЕЧНИТЕ ПРОИЗВОДИ

Имате ли непријатно чувство на надуеност по консумирање на млеко и некои млечни производи?

Можно е да имате нетолеранција на лактоза, односно неможност за дигестија на млечниот шеќер лактоза.

Затоа изберете Алпско млеко, јогурт или кисело млеко без лактоза и безгрижно уживајте во млечните производи колку што сакате.

ЗОШТО Е ВАЖНО МЛЕКОТО И МЛЕЧНИТЕ ПРОИЗВОДИ ЗА ОРГАНИЗМОТ?

Ако поради нетолеранцијата на лактоза  избегнувате млеко и млечни производи, на Вашиот организам му го скратувате прекупотребниот калциум и другите хранливи состојки кои ги содржи млекото. Со тоа се изложувате на зголемен ризик од кршливи коски и преломи во иднина – остеопороза.

Млечните производи се многу важен фактор и неизоставен дел од нашата секојдневна исхрана, бидејќи тие обезбедуваат повеќе од девет од основните хранливи материи неопоходни за нашиот организам:

  • • Протеини за градење мускули и одржување на здрава телесна тежина
  • • Калциум и фосфор за зајакнување на коските и забите
  • • Витамин Д за зајакнување на здрави коски, заби, расположение и имунитет
  • • Витамин А за убава кожа и здрав вид
  • • Витамини Б-2, Б-12, Ниацин, пантотенска киселина: енергетски витамини за балансиран метаболизам, поддршка на нервниот систем и нормални крвни функции

 

За да обезбедите доволен и постојан извор на калциум од храната, чиј најдобар извор е млекото и млечните производи , се препорачува секојдневна конзумација на млеко со намалена  лактоза.

Што е лактоза?

Лактозата е природен млечен шеќер – најзастапениот јаглехидрат во млекото.  За да може да се свари, нашиот организам треба да ја разгради на два едноставни шеќери: гликоза и галактоза. За овој процес е потребен ензимот лактаза кој природно се наоѓа во тенкото црево. Но, одредени луѓе имаат потешкотија со разградувањето на лактоза  која ја има во млекото бидејќи нивниот организам не произведува ензимот лактаза во  доволна количина  или пак воопшто не го произведува. Поради тоа лактозата доаѓа во дебелото црево неразградена и истата може да преизвика грчеви, болки во стомакот или дијареа половина час или неколку часа по конзумацијата на млеко и млечни производи.

СОВЕТИ ЗА ИСХРАНА

Слушајте го сопствениот организам и избегнете односно ублажете ги симптомите на нетолеранција на лактоза:

  • ✓ Конзумирајте млеко и млечни производи без лактоза
  • ✓ Конзумирајте млеко и млечни производи постепено во текот на оброкот и во текот на денот
  • ✓ Комбинирајте намирници со лактоза, со намирници без лактоза (овошје, зеленчук…)
  • ✓ Следете го времето, видот и количината на храна која ја внесувате со намирниците богати со лактоза – препознавајте ги вистинските комбинации на намирници и полесно ќе ја поднесувате лактозата

 

Ви недостасува утринското кафе со млеко,  како и чаша млеко пред спиење …

Престанавте да го приготвувате Вашиот омилен десерт и „смути“ кој Ви дава енергија …

Со Алпско млеко, јогурт и кисело млеко без лактоза, вратете се на добрите стари навики, но без тегоби!

Производи без лактоза
Деца и лактоза
Лактози и домашни миленичиња
Developed by: Total Communication SKP