Menu
Авантура за живеење

СВЕТ ПОЛН СО МОЖНОСТИ

Нашата Групација претставува уникатна и колективна човечка авантура основана врз семејна приказна, силни историски вредности, цврсти врски со целата територија, меѓународно присуство и брз раст. Овие силни одлики ни овозможуваат да ви понудиме вистински можности за кариера.

Со приклучувањето на нашата Групација, ќе имате можност да учествувате во развојот на Групацијата за млечни производи број еден во светот и да ги развиете вашите вештини и експертиза во растечка динамична и мултикултурна средина.

Практиканти, дипломци, менаџери со искуство, вашите профили ги задоволуваат нашите потреби. Нашите пракси, договори за работа и учење, Меѓународна програма за практикантска работа (Volontariat International en Entreprise / V.I.E.) и работни места се ваши ако сте мотивирани од идејата за преземање одговорност, привлечени од светот на млечните производи и ги споделувате нашите вредности на Амбиција и Ангажирање со Едноставност.

Јасен процес на регрутирање

По првиот избор врз основа на вашата кратка биографија и мотивационо писмо, ќе ве повикаме да учествувате на 1 или 2 интервјуа со нашиот менаџер за човечки ресурси и менаџери со цел да ја потврдите вашата апликација. Ние сакаме да го разбереме вашиот стремеж во кариерата, вашиот интерес за Групацијата, професиите застапени во неа и можностите кои се достапни. Ова е размена која се темели на вашата мотивација, вештини и искуство.

Сите наши кандидати поминуваат низ истиот процес, без оглед на нивниот профил.
Ние сме во потрага по кандидати кои ги споделуваат нашите вредности на Амбиција и Ангажирање со Едноставност

Индивидуална програма за индукција

Вашите први денови во компанијата се од суштинско значење. Затоа вашиот менаџер и менаџерот за човечки ресурси ќе ви обезбедат индивидуална програма за индукција. Нашата цел е да ви овозможиме да ја запознаете вашата нова средина со запознавање со клучните луѓе и добивање подетални информации за Групацијата и вашата област на работа. Вашата индукција ќе се одвива во два чекори: колективна и/или индивидуална програма.

Дводневната програма за индукција во главната канцеларија во Лавал ви овозможува да ја запознаете компанијата и нејзината историја преку состаноци и презентации на менаџерите, посета на Cité du Lait®, музеј на компанијата за млечната индустрија, и посета на производствена локација.

Вашиот менаџер ќе организира и индивидуална програма за индукција со цел да се запознаете со членовите на вашиот тим, како и со вработените и одделите со кои ќе работите. Ние веруваме дека ова е клучен процес за да можете да се приспособите на вашата нова работа. Овој период, кој може да трае неколку недели, е наменет да ви помогне да ја запознаете културата на компанијата, нејзиниот кодекс на однесување и начинот на функционирање. Исто така, ќе имате можност подобро да ја разберете вашата улога, задачи и одговорности.

Внатрешната промоција има централна улога во нашето управување со човечки ресурси

Врз основа на внатрешна промоција, раководството на одделот за човечки ресурси на нашата Групација им нуди на нашите вработени многу можности, поддржувајќи ги во нивниот развој.

Годишната евалуација е клучна за управување со таленти. Со поддршка на вашиот менаџер, евалуацијата ќе ви овозможи да ја изразите, одржите и изградите вашата кариера и индивидуалниот план за развој.

Промоцијата внатре во компанијата ќе ви овозможи да ја планирате вашата кариера на среден и долг рок. Во постојано растечка средина, Групацијата ќе ви даде одговор на вашите професионални аспирации.

Всушност, внатрешната мобилност ја задоволува динамиката на раст на Групацијата и нашата стратегија за развој на луѓето. Таа е одлична можност за нашите вработени да го дадат најдоброто од себе.

Вашиот успех во вашите мисии, како и вашата географска мобилност ќе ви бидат силни предности кога ќе го исполнувате вашиот план за кариера во Франција или во странство.

    Developed by: Total Communication SKP