Menu
Општи карактеристики на млекото

Млеко. Малку историја

Млекото отсекогаш било суштински производ на многу цивилизации. Било присутно во исхраната на Скитите, жители на Трипилија. Античките Римјани верувале дека Јупитер бил хранет со млекото на божествената коза Амалтеја. Фармерите од различни земји отсекогаш имале основна цел – да им овозможат на своите семејства млеко и леб. Млечните производи отсекогаш постоеле во оброците на ајурведа. Од антички времиња здравите и болните луѓе пиеле млеко од различни животни. Древните Египќани користеле магарешко млеко за терапевтска цел. Хипократ користел козјо млеко и млеко од кобила против туберкулоза, а кравјо млеко за третман на гихт и анемија. Тој честопати им го препорачувал на своите пациенти магарешкото млеко. Авицена сметал дека козјото млеко и млекото од магарица се многу корисни и запишал дека млекото и млечните производи се од суштинско значење и за децата и за старите луѓе и дека е многу полезно да се пие млеко со мед и сол.

Во средниот век млекото како терапевтски производ било заборавено и дури во ХVІ век почнало повторно да се користи. Францусиот лекар Рејмонд Рестор имал значајна улога во ова. Користејќи ги учењата на Хипократ, тој развил индикации и контраиндикации за лечењето со млеко.

Во ХVІІІ век, Хофман бил прв кој посветил внимание на употребата на млекото како противотров. Млекото и млечните производи биле воведени во клиничката исхрана во Русија. Во „Комплетен и целосен домашен медицински прирачник“ од Х. Бухан, преведен и објавен во Москва во 1780 година, млекото е опишано како неопходен производ во третманот на децата. Тој препорачал да се користи со зеленчук за лекување скорбут. Во Русија Ф. И. Иноземцев (1802-1869) се обидел да го популаризира лечењето со млеко. Го понудил неговиот третман со млеко за туберкулоза, бронхитис, плеврит, астма, стомачни нарушувања и невролошки заболувања. Во 1865 година, докторот Ф. Карел во Санкт Петербург понудил начин како да се користи млекото во кардијална декомпензација. Денес исхраната Карел претставува ефикасен метод на третман на цироза на црниот дроб, срцева декомпензација, дебелина, гихт и кога болеста е искомплицирана од синдром на едем. С. П. Боткин го сметал млекото за „вредна алатка во третманот на срцевите заболувања и бубрезите…“.

Благодарение на класичната студија на И. П. Павлов и неговите следбеници, била развиена цврста научна основа која ја потврдила суштинската улога на млекото и млечните производи во исхраната на луѓето и животните.

Developed by: Total Communication SKP