Menu
ЛАКТАЛИС ВО МАКЕДОНИЈА

Лакталис Македонија е компанија составена од три правни субјекти кои функционираат како една целина. Дел од Лакталис групацијата станува во 2007 година.

Лакталис МК Млекарница е срцето на компанијата. Формирана во далечната 1997 година, како “Идеал-Шипка”, Млекарницата успеала да воведе многу новини и да го освои пазарот со млечни производи, како во Македонија, така и во земјите во коишто извезува. Основна задача на Млекарницата е да откупи млеко со најдобар квалитет и микробиолошки карактеристики, истото да го преработи и од него да произведе млечни производи кои ќе ги задоволат вкусовите на потрошувачите, а воедно ќе бидат во согласност со строгите правила и прописи на стандардите за безбедност на храната, како HACCP и ISO 22000.

Во склоп на Млекарницата функционираат повеќе оддели, како Откуп на млеко, Производство (прием и пастеризација на млеко, оддели за производство на сирење, кашкавал, ферментирани производи, урда, путер, топени сирења), Лабораторија, Контрола на квалитетот, Набавка и Одржување.

Млекарницата е сместена во Битола. Бројот на вработени се движи од 70 до 100, во зависност од сезоната.

Лакталис MK се занимава со продажба на производите произведени во Млекарницата, како и набавка и продажба на производи произведени во други членки на Групацијата. Основни задачи се воспоставување на контакти со купувачите, целосна грижа за покриеноста на пазарот со млечни производи во Македонија, грижа за купувачите, навремена наплата на побарувањата и др.

Во склоп на Лакталис MK постојат повеќе оддели и тоа Продажба, Маркетинг, Контролинг, Сметководство и финансии, Администрација на купувачи и Човечки ресурси. Бројот на вработени се движи околу 40, распределени во Скопје, Битола, но и на територијата на цела Македонија, во зависност од потребите на продажбата.

Лакталис MK Логистика е најмладиот правен субјект во Лакталис Македонија. Формирана во 2014 година, со околу 40ина вработени, основната задача на Лакталис MK Логистика е складирање, чување и навремена дистрибуција на производите до потрошувачите, со посебно внимание на одржување на квалитетот и безбедноста на истите. Во склоп на Логистика се дистрибутивните центри во Скопје и во Битола, преку кои се одвива доставата на повеќе од 150 различни производи, низ земјата.

Директно поврзана со Продажба и Централно планирање, секојдневно се координира околу: предавање на производи во магацин, подготовка на стоката, товарење и дистрибуција, повлекување и проверка на поврат, пописи и отпис на готови производи.

Developed by: Total Communication SKP